• недела, 24 ноември 2024

Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството 

Формиран новиот состав за Советот на ИКТ во правосудството 

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Министерот за правда, Кренар Лога во текот на вчерашниот ден донел одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови, информираат денеска од неговиот кабинет.

Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комунициска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство. 

- За членови на Советот се именувани: Влатко Милошевски - Јавно обвинителство-Скопје, Даут Рустеми-Апелационен суд Гостивар, за прв пат во советот има претставник од БЛУПРИНТ  групата за реформи во правосудството , Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје , Ислам Абази -ОЈОГОК, Сања Пандилов -Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска- Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја- Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА, информираат од Кабинетот на министерот Лога. 

Составот на Советот, се вели во соопштението, е избран по претходни консултации со сите релевантни фактори и стручната јавност. Тој ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план, ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигиталзиација на правосудството, учествува во подготовка на закони, други правни акти и презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи. Мандатот на членовите е 2 години. аа/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан