• четврток, 26 март 2026

Форд ги зголеми проекциите за годишните трошоци поради царините, акциите на компанијата паднаа за три проценти

Форд ги зголеми проекциите за годишните трошоци поради царините, акциите на компанијата паднаа за три проценти

Детроит, 7 август 2025 (МИА) - Компанијата „Форд“ соопшти дека американските царини за увезени возила, како и за челик и алуминиум, веројатно ќе ја чинат повеќе од очекуваното кога станува збор за проекциите за трошоците за оваа година.

Акциите на овој производител на автомобили паднаа за околу три проценти.

Американската компанија објави дека царините ја чинеле 800 милиони долари во вториот квартал, што е сепак помалку негативно влијание од некои од нејзините американски конкуренти благодарение на силната домашна производствена база на „Форд“. зш/

Остани поврзан