„Форбс“: Маск ја предводи листата од 10 најбогати Американци во 2022 година
- Вкупното богатство на 10-те најбогати Американци е 1,1 трилион долари.
Њујорк, 30 септември 2022 (МИА) - Секоја година „Форбс“ објавува листа на 400 најбогати Американци. Угледното списание наведува и дека оваа година во САД има помалку милијардери од вообичаено поради инфлацијата предизвикана од војната во Украина.
Вкупното богатство на 10-те најбогати Американци е 1,1 трилион долари. Едно од најголемите изненадувања годинава е тоа што основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, по осум последователни години, веќе не е на топ-10 листата. Причината е падот на акциите на „Мета платформс“, поради што фирмата загуби 74 милијарди долари. По пет последователни години, и Џеф Безос веќе не е на првото место, а таму сега се наоѓа Илон Маск - сега и официјално најбогатиот човек во Америка. Следува списокот 10 најбогати луѓе во САД... 1. Илон Маск. Нето богатство: 251 милијарди долари (лани: 190,5 милијарди долари). Извор: Тесла, Спејс-Икс. 2. Џеф Безос. Нето богатство: 151 милијарда долари (намалување од 201 милијарда долари). Извор: Амазон. 3. Бил Гејтс. Нето богатство: 106 милијарди долари (лани: 134 милијарди долари). Извор: Мајкрософт. 4. Лери Елисон. Нето богатство: 101 милијарда долари (лани: 117,3 милијарди долари). Извор: Оракл. 5. Ворен Бафет. Нето богатство: 97 милијарди долари (намалување од 102 милијарди долари). Извор: Беркшир Хатавеј. 6. Лери Пејџ. Нето вредност: 93 милијарди долари (лани: 123 милијарди долари). Извор: Гугл. 7. Сергеј Брин. Нето богатство: 89 милијарди долари (лани: 118,5 милијарди долари). Извор: Гугл. 8. Стив Балмер. Нето богатство: 83 милијарди долари (намалување од 96,5 милијарди долари). Извор: Мајкрософт. 9. Мајкл Блумберг. Нето вредност: 76,8 милијарди долари (наспроти 70 милијарди долари лани). Извор: Блумберг. 10. Џим Волтон. Нето богатство: 57,9 милијарди долари (намалување од 68,8 милијарди долари). Извор: Волмарт. си/сд/