• петок, 27 декември 2024

Фон дер Лајен: Целосна солидарност на Европа со Австрија

Фон дер Лајен: Целосна солидарност на Европа со Австрија
Брисел, 2 ноември 2020 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека е „шокирана и тажна од бруталниот напад што се случи вечерва во Виена“. „Европа стои во целосна солидарност со Австрија. Заедно сме посилни од омразата и теророт", напиша Фон дер Лајен на Твитер. Таа испрати сочувство до семејствата на жртвите и до австрискиот народ. паг/

Остани поврзан