• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен на Икс: Албанија прави големи чекори кон ЕУ

Фон дер Лајен на Икс: Албанија прави големи чекори кон ЕУ

Тирана, 23 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со сите почести попладнево беше дочекана од албанскиот премиер Еди Рама, со кого по средбата ќе имаат заедничка прес-конференција.

Во меѓувреме Фон дер Лајен во реакција на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Албанија прави големи чекори кон Европската Унија и дека премиерот Рама покажува визија и трпение, што се исплати“.

„Среќна сум што ја започнувам мојата турнеја по Западен Балкан во Албанија со мојот пријател Еди Рама. Албанија прави големи чекори кон ЕУ. Тоа е резултат на долгогодишна работа. Драг Еди, покажа и визија и трпение. И ова се исплати“, напиша Урсула фон дер Лајен.

По прес-конференцијата таа ќе се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа,  а утре претпладне, ќе се сретне со претседателот на Албанија Бајрам Бегај. вт/ссм/

 

Остани поврзан