• петок, 21 февруари 2025

Фон дер Лајен: Израел и Хамас мора „целосно да го спроведат“ прекинот на огнот

Фон дер Лајен: Израел и Хамас мора „целосно да го спроведат“ прекинот на огнот

Брисел, 15 јануари 2025 (МИА) - Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата за прекин на огнот и договор за ослободување заложници меѓу Хамас и Израел, повикувајќи ги „целосно да го спроведат“ договорот.

„Двете страни мора целосно да го спроведат тој договор, како отскочна штица кон трајна стабилност во регионот и дипломатско решавање на конфликтот“, објави таа на X.
„Ова носи надеж во цел регион, каде што луѓето предолго претрпуваа огромно страдање“.зш/

Остани поврзан