• петок, 22 ноември 2024

Фон дер Лајен: За Украина се собрани 10,1 милијарда евра

Фон дер Лајен: За Украина се собрани 10,1 милијарда евра
Варшава, 9 април 2022 (МИА) -   Како дел од меѓународната кампања за собирање средства за поддршка на Украина, собрани се 10,1 милијарди евра, објави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Варшава. Кампањата „Стани за Украина“ ја започна меѓународната организација Глобал Ситизен со поддршка на Европската Унија и канадскиот премиер Џастин Трудо. Покрај светските лидери кои ветија дека ќе соберат милијарди долари во име на нивните земји за помош на украинските бегалци, во кампањата се приклучија и уметници како Елтон Џон, Аланис Морисет, Били Ајлиш, Ени Ленокс и Крис Рок. „Светот на крајот собра 9,1 милијарди евра како дел од кампањата, а Комисијата, заедно со ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), додаде уште една милијарда на сите раселени лица во Украина. Тоа е фантастично, значи 10,1 милијарди евра“, изјави Фон дер Лајен. Таа додаде дека на собраниот износ ќе се додадат и други средства. „Солидарноста на земјите, компаниите и луѓето ширум светот нуди малку светлина во овие темни моменти“, рече Фон дер Лејен на затворањето на кампањата за собирање средства за Украина. „И кога бомбите ќе престанат да паѓаат, ќе му помогнеме на украинскиот народ да ја обнови својата земја. Ќе продолжиме да ја браниме Украина“, рече таа. На присутните преку видео порака им се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Храброста на Украина веќе го обедини целиот демократски свет“, рече Зеленски. зш/

Остани поврзан