• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен: Грција секогаш може да смета на европската солидарност

Фон дер Лајен: Грција секогаш може да смета на европската солидарност

Атина, 23 јули 2023 (МИА) – Му се јавив на Кирјакос Мицотакис за да ја изразам нашата целосна поддршка за Грција, која е соочена со разорни шумски пожари и силен топлотен бран поради климатските промени, напиша на Твитер претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен за телефонскиот разговор со грчкиот премиер, истакнувајќи дека Грција секогаш може да смета на европската солидарност, јави дописничката на МИА од Атина. 

-Грција се справува со оваа тешка ситуација со професионализам, ставајќи акцент на безбедното евакуирање на илјадници туристи и секогаш може да смета на европската солидарност. Пожарникарите од ЕУ се веќе на терен, напиша фон дер Лајен на Твитер.ср/са/

Остани поврзан