• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен бара заштита на цивилите на Блискиот Исток

Фон дер Лајен бара заштита на цивилите на Блискиот Исток

Брисел, 2 октомври 2024 (МИА) – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска предупреди на понатамошна ескалација откако Иран изврши ракетен напад врз Израел.

- Таквите акции ја загрозуваат регионалната стабилност и ги ескалираат тензиите во веќе екстремно нестабилна ситуација, рече фон дер Лајен и ги повика сите страни да го заштитат животот на невините цивили.

Таа најостро го осуди иранскиот напад.

Фон Дер Лајен го повтори „повикот на Европската унија за прекин на огнот преку границата со Либан и во Газа и за ослободување на сите заложници кои се држат речиси една година“. јт/

Остани поврзан