Фонсека: Скудетото главна цел на Милан во новата сезона
- Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, зборуваше за задачата со која се соочува тимот во новата сезона.

Милано, 7 август 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, зборуваше за задачата со која се соочува тимот во новата сезона.
-Која е целта на тимот за новата сезона? Скудетото, ги цитира новинарот Николо Шира зборовите на Фонсека.
Педесет и едногодишниот Португалец го презеде тренерското место во Милан ова лето.
Фонсека претходно работеше за Лил, Рома, Шахтјор, Брага и Порто.
Во сезоната 2023/24, Милан заврши на второто место во италијанската Серија А, со 19 бода негатива во однос на шампионот Интер. зс/
Фото: ЕПА