• петок, 22 ноември 2024

Фонсека: Милан ќе излезе од кризата

Фонсека: Милан ќе излезе од кризата

Милано, 30 август 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, инсистира на тоа дека клубот работи на подобрување по лошиот почеток на сезоната и се надева на нов почеток со саботниот натпревар на гостувањето против Лацио во Серија „А“.

Новоименуваниот 51-годишен тренер веќе е под притисок по лошиот почеток на кампањата, со ремито 2-2 против Торино во првиот натпревар, проследено со разочарувачки пораз од новајлијата Парма со 1-2.

-Свесни сме дека не започнавме добро. Но, сите сме обединети и сакаме да најдеме решенија. Тоа е она што го правевме оваа недела. Ние сме обединети, така што е полесно да се работи. Тоа беше добра недела и мислам дека откривме каде навистина треба да се подобриме. Очекувам поинаков Милан утре, изјави Фонсека денес пред новинарите

Португалскиот тренер негираше дека играчите имале проблеми со адаптацијата на неговата тактичка визија, поради што одбраната е особено ранлива.

-Јас сум самоуверен како и на мојата прва прес-конференција. Уверен сум дека овие два натпревари нема да ја намалат нашата амбиција да станеме тимот што се стремиме да бидеме, рече тој.

Милан извлече тешки противници во главната фаза од Лигата на шампионите, вклучувајќи ги Баер Леверкузен, Реал Мадрид и Ливерпул, но Фонсека е задоволна.

-Добра ждрепка. Сите натпревари ќе бидат неизвесни. Вистина е дека ги имаме Реал Мадрид, Ливерпул и Баер Леверкузен кои се врвни тимови, но има и други силни тимови. Изгледа како избалансиран ждреб и формат. Навистина ми се допаѓа форматот бидејќи има повеќе натпревари меѓу најдобрите тимови, но тоа е и можност за оние врвни тимови да играат во земји кои традиционално не се силни во фудбалот, додаде Фонсека. дс

Фото: Архива

Остани поврзан