• сабота, 21 декември 2024

Фондацијата Фридрих Еберт потврди дека го подготвила статутот на ЗСО

Фондацијата Фридрих Еберт потврди дека го подготвила статутот на ЗСО

Прага, 18 јануари 2023 (МИА) – Германската организација Фондацијата „Фридрих Еберт“ потврди за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека го подготвила статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, чие формирање е договорено во рамките на дијалогот Косово-Србија.

Рене Шле од таа организација смета дека нацртот е „добра основа за која, по објавувањето, заслужува да разговараат владини и невладини актери“.

„Во догледно време ќе организираме јавна презентација на нацртот“, изјави Шле за РСЕ, но не прецизираше кога.

Властите во Косово се уште не ја коментираат оваа вест, додека претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека изготвувањето на Статутот е работа на менаџерскиот тим, а не на невладина организација. паг/

Остани поврзан