• петок, 05 декември 2025

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ реализира иницијатива за изградба на православен крст над Крива Паланка 

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ реализира иницијатива за изградба на православен крст над Крива Паланка 

Крива Паланка, 6 август 2025 (МИА) - Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ ја спроведува граѓанската иницијатива за изградба на православен крст над Крива Паланка што е планирано да се гради на возвишение во атарот на селото Мартиница.

-Како фондација што има широка општествена дејност ја поддржуваме започнатата иницијатива на група граѓани, кои водени од љубов кон верата, традицијата и заедничката духовност, отпочнаа иницијатива за изградба на православен крст на возвишението над Крива Паланка кај Мартиница, крст што ќе претставува симбол на нашата вера и заедништво.Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на нашата општина за генерации што доаѓаат. Според планот, осветувањето на крстот ќе се случи на големиот празник Успение на Пресвета Богородица, 28 август, истакна Жаклина Цветковска, извршна директорка на фондацијата.

Таа ги повика сите кои сакаат да бидат дел од ова богоугодно дело можат да помогнат со донации преку сметката на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“.

-Иницијативата ќе се реализира исклучиво преку донации, па во тоа име ги повикуваме сите хумани луѓе, верници, наши иселеници, бизнисмени и пријатели на Крива Паланка да се приклучат во овој богоугоден чин на вера и заедништво, додаде Цветковска.

Сите кои сакаат да донираат можат да го сторат тоа на следната жиро сметка: 320100033649786 во ЦКБ Банка или на девизната сметка: 320140033649978. ид/ев/

Фото: Фондација „Со срце за Крива Паланка“

Остани поврзан