• среда, 17 јули 2024

Фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“ на сцената на штипскиот Центар за култура

Фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“ на сцената на штипскиот Центар за култура

Штип, 27 октомври 2022 (МИА) - Фолклорниот фестивал „Фатени за раце го менуваме светот“ вечерва со почетокот во 19 часот ќе се одржи на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. Ќе настапат деца од културно-уметнички друштва и училишта со паралелки за лица со попречености од четири градови во земјата.

- Ова е еден проект во којшто се вклучени повеќе училишта, коишто вклучуваат деца со посебности, и културно-уметнички друштва, вели директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Горан Трајков.

Според Трајков, институцијата е секогаш достапна и отворена за лицата со попречености, коишто се поканети на секој настан.

- Ние гледаме секогаш кога имаме настани, да ги известуваме овие центри и училиштата коишто имаат паралелки со цел да ги посетуваат настаните. Ги отвораме вратите, оставивме место за лицата со инвалидност, како и за сите останати дечиња да бидат присутни на секој настан којшто се одржува, вели Трајков.

Јулија Којунциева од Државното средно училиште за ученици со посебни потреби „Искра“ од Штип вели дека целта е да се разбијат предрасудите и стереотипите за децата со посебни потреби, но и да се подигне свеста за нивно прифаќање во заедницата.

На сцената заеднички со фолклорните друштва ќе настапат ученици од посебните паралелки и училишта од Штип, Кавадарци, Велес и Неготино. вдј/бак/

 

Остани поврзан