• понеделник, 23 декември 2024

Флоранс Робин: Компромисот меѓу Скопје и Софија ја гарантира иднината и пријателството меѓу двата народа

Флоранс Робин: Компромисот меѓу Скопје и Софија ја гарантира иднината и пријателството меѓу двата народа
Софија, 15 септември 2022 (МИА) - Сите заедно, Бугарите, Македонците, како и француското претседателство со Европската унија, работевме заедно за да може Европа да биде посилна, за историските проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија да наидат на поголемо разбирање, изјави денеска амбасадорката на Франција во Софија Флоранс Робин. - Бевме отворени, ја слушавме и едната и другата страна и мислам дека успеавме и постигнавме компромис кој ќе ја гарантира иднината и пријателството меѓу народите, пососчи амбасадорката Робин во изјава за БГНЕС. Според неа, Европа во моментов мора да биде обединета пред огромните предизвици што ги носат многуте кризи со кои се соочуваме. - Сега повеќе од кога било европскиот континент треба да биде заедно, сите треба да се здружиме за да ги надминеме сите потешкотии и предизвици со кои се соочуваме, затоа најважно од сè е, иако сме различни, да бидеме обединети и да се движиме напред заедно, изјави амбасадорката Флоренс Робин.са/

Остани поврзан