• четврток, 26 март 2026

Флик по ремито со Њукасл: Направивме многу грешки, задоволен сум само од одбраната

Флик по ремито со Њукасл: Направивме многу грешки, задоволен сум само од одбраната

Њукасл, 11 март 2026 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик ги критикуваше своите фудбалери по нерешените 1:1 со Њукасл, синоќа на гостински терен во Лигата на шампионите.

- Не игравме најдобро што можеме. Многу ја губевме топката. Знаевме дека ќе ни биде тешко. Тие Имаат многу брзи играчи. Натпреварот беше интензивен. Одигравме многу натпревари последниов период. Постепено ќе го зголемуваме нивото на енергија. Задоволен сум од одбраната. Сега треба да се одмориме. Имаме нов натпревар во недела и имаме време добро да се подготвиме. Ова е нивото на  натпреварувањето - треба да се адаптираме, рече Флик по мечот со Њукасл.

Домаќините поведоа со голот на Барнс во 86.минута, каталонскиот тим изедначи од пенал во 90+6.минута преку Јамал. 

Реваншот ќе се игра во Барселона на 18 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан