• понеделник, 23 декември 2024

Флик навести за разделба со Тијаго

Флик навести за разделба со Тијаго
Минхен, 5 јули 2020 (МИА) - Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, навести дека клубот би можел да се раздели со Тијаго Алкантара. Сепак, тренерот не се откажува од надежта дека може да остане на „Алијанц арената“. Договорот на Тијаго со Баерн истекува следното лето, а според различни публикации, тој сака да си замине и да ја продолжи кариерата во Ливерпул. Некои информации дури тврдат дека веќе постои договор со „црвените“. Дваесет и девет-годишниот играч од средниот ред вчера освои уште еден трофеј со Баварците. Тој се појави на теренот непосредно пред крајот на финалето на германскиот куп, кој Баерн го доби со 4-2 против Леверкузен. - Секогаш се надевам. Јас сум секогаш позитивен во врска со таквите работи. Сосема е нормално и човечко. Јас давам се од себе за да го задржам Тијаго да остане и да го убедам да остане. Времето ќе каже дали тоа било доволно, рече Флик, осврнувајќи се на иднината на Тијаго.

Тагови

Остани поврзан