• понеделник, 07 октомври 2024

Флик: Во име на цела Барселона му посакувам брзо закрепнување на Карвахал

Флик: Во име на цела Барселона му посакувам брзо закрепнување на Карвахал

Барселона, 7 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс Флик, искажа поддршка за фудбалерот на лутиот ривал, Реал Мадрид, Дани Карвахал кој во саботата ги скина вкрстените лигаменти на десното колено.

- Му посакувам се најдобро на Дани во име на цела Барселона. Брзо да закрепне, изјави Флик.

Карвахал се повреди на натпреварот против Виљареал (2:0) во 9. коло од шпанската Ла Лига. 

Реал вчера објави дека на играчот му биле дијагностицирани скинати предни вкрстени лигаменти, скинати надворешни колатерални лигаменти и скината тетива на десната нога. Карвахал ќе го пропушти остатокот од сезоната. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан