• петок, 22 ноември 2024

ФК Тетекс со фузија со Лабуништа повторно во Втората лига

ФК Тетекс со фузија со Лабуништа повторно во Втората лига
Тетово, 22 јули 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово работи на фузија со фудбалскиот клуб Лабуништа од истоименото струшко село, со што екипата би се натпреварувала во Втората фудбалска лига, потврдија членови на управниот одбор на тетовскиот клуб. Одредени веб-портали објавија дека за да правно регуларно, екипата на Лабуништа веќе го промени своето седиште од Лабуништа во Тетово и пристапила од ОФС Струга кон ОФС Тетово. На почеток клубот ќе го носи името ФК Лабуништа 2011 Тетово, додека на полусезона, според правилата, ќе му биде дозволено да се преименува во ФК Тетекс Тетово. Промената веќе е регистрирана и во Централниот регистар. - Постапката е в тек, се очекува и конечна одлука од федерацијата, изјави Мирче Блажевски, член на управниот одбор на ФК Тетекс. Инаку од вчера екипата почна со подготовки за новата сезона со тренинзи во Тетово, поточно во игралиштето во село Порој.  На клубот во преодниот рок му пристапил Меритон Салији од Ренова, кој и претходно играл за Тетекс. Мирослав Јованоски исто така се враќа во Тетекс од ФК Гостивар. ас/зс/

Остани поврзан