• четврток, 21 ноември 2024

ФИФА ја укина суспензијата за руските репрезентации до 17 години

ФИФА ја укина суспензијата за руските репрезентации до 17 години

Цирих, 4 октомври 2023 (МИА) – ФИФА тргна по стапките на УЕФА и ја укина денеска суспензијата која беше на сила за настап на руските фудбалски репрезентации до 17 години на меѓународните натпреварувања во машка и женска конкуренција.

„По одлуката која ја донесе УЕФА на 26 септември 2023 година повторно да им дозволи учество на руските У17 репрезентации во женска и машка конкуренција, Советот на ФИФА одобри проширување на оваа одлука за ФИФА Светското првенство до 17 години за момчиња и девојчиња“, објави вечерва светската куќа на фудбалот.

Репрезентациите ќе настапуваат под името „Фудбалска унија на Русија“, а не под државното име, а на екипите нема да им биде дозволено да носат опрема со национални обележја, без истакнување на руското државно знаме и без интонирање на државната химна.

Суспензијата за руските сениорски фудбалски репрезентации во машка и женска конкуренција остануваа на сила, откако беше воведена поради руската инвазија врз Украина која почна во февруари лани. ег/јт/

Фото: Х

Остани поврзан