• понеделник, 23 декември 2024

ФИФА ја одложи одлуката дали да ги отстрани тимовите од Израел од своите турнири

ФИФА ја одложи одлуката дали да ги отстрани тимовите од Израел од своите турнири

Цирих, 3 октомври 2024 (МИА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно не одлучи дали ќе воведе санкции за Фудбалската асоцијација на Израел, исклучувајќи ги тимовите на земјата од нејзините турнири.

Во мај, Палестинскиот фудбалски сојуз побара казна за своите израелски колеги поради тековната воена операција што еврејските сили ја спроведуваат во Газа. 

По денешниот состанок на Советот на ФИФА, претседателот на организацијата Џани Инфантино изјави дека ќе бидат покренати две независни истраги против Фудбалскиот сојуз на Израел. Првата ќе биде доверена на Дисциплинската комисија на ФИФА и ќе биде докажување на наводите за дискриминација во рамките на израелската лига. Втората истрага ќе биде дали има прекршување на член 72, точка 1 од правилникот на ФИФА, кој вели дека „федерациите членки и нивните клубови не можат да играат на територијата на друга федерација-членка без одобрение од другата“. Со тоа ќе се занимава Комитетот за управување, ревизија и усогласеност на ФИФА.

-Советот на ФИФА примени длабинска анализа за оваа многу чувствителна работа и врз основа на темелна проценка ги следевме советите на независните експерти. Континуираното насилство во регионот потврдува дека пред се, и како што беше наведено на 74-от конгрес на ФИФА, ни треба мир. Бидејќи остануваме крајно шокирани од она што се случува и нашите мисли се со оние кои страдаат, ги повикуваме сите страни да го вратат мирот во регионот со непосреден ефект, рече Инфантино во услови на постојано зголемување на тензиите на Блискиот Исток.

Во 2022 година, ФИФА и УЕФА заеднички одлучија да ги исклучат тимовите од Русија од нивните турнири само четири дена по почетокот на воената офанзива против Украина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан