• недела, 22 декември 2024

ФИФА ја затвори истрагата против Бекенбауер за подмитување

ФИФА ја затвори истрагата против Бекенбауер за подмитување
Женева, 25 февруари 2021 (МИА) – Етичкиот суд на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја затвори истрагата против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер за наводно подмитување, поради застареност на случајот. Бекенбауер беше под истрага од 2016 година за наводни финансиски малверзации во 2002 година, заедно со поранешните членови наа Извршниот комитет на ФИФА, Тео Цванцигер и Хорст Шмит, против кои етичката истрага, исто така, е затворена поради застареност. Случајот беше отворен поради сомнителни финансиски трансакции меѓу организаторите на Светското првенство во 2006 година во Германија, членови на ФИФА и поранешниот претседател на Азиската фудбалска асоцијација, Катарецот Мохамед бин Хамам. Бекенбауер се товареше дека го поткупил Бин Хамам со десет милиони евра во 2002 година за да лобира Германија да ја добие организацијата на Мундијалот во 2006 година.ег/

Остани поврзан