• петок, 05 декември 2025

ФИФА отвори дисциплинска постапка против Густаво Кабрал од Пачука поради инцидентот со Антонио Рудигер

ФИФА отвори дисциплинска постапка против Густаво Кабрал од Пачука поради инцидентот со Антонио Рудигер

Мајами, 25 јуни 2025 (МИА) - Раководното тело на светскиот фудбал (ФИФА) во вторникот објави дека отворило дисциплинска постапка против мексиканскиот играч на Пачука, Густаво Кабрал, поради инцидент со дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, за време на нивниот натпревар од Светското клупско првенство. Протоколот против дискриминација беше активиран на крајот од предметниот натпревар.

-По прегледот на извештаите од натпреварот, Дисциплинската комисија на ФИФА отвори дисциплинска постапка против играчот на Пачука, Густаво Кабрал, во врска со инцидентот со Антонио Рудигер од Реал Мадрид за време на натпреварот одигран во Шарлот на 22 јуни, соопшти ФИФА.

Судијата на натпреварот, Рамон Абијати, го активираше протоколот против дискриминација со прекрстување на рацете преку градите во петтата минута од дополнителното време на натпреварот по прекршокот врз германскиот репрезентативец Рудигер.

На прашањето по натпреварот дали Ридигер бил жртва на расистички навреди, тренерот на Реал, Чаби Алонсо, одговори: „Тоа ми го кажа Ридигер и јас му верувам“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан