ФИФА отвора нов трансфер прозорец помеѓу 1 и 10 јуни
- Светската фудбалска централа (ФИФА) предлага отворање на нов преоден рок во периодот од 1 до 10 јуни и сите федерации можат да го искористат овој период, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Цирих, 3 октомври 2024 (МИА) - Светската фудбалска централа (ФИФА) предлага отворање на нов преоден рок во периодот од 1 до 10 јуни и сите федерации можат да го искористат овој период, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Мотивацијата за новиот преоден рок е склучување договори пред Светското клупско првенство во 2025 година, како и продолжување на договорите на играчите кои истекуваат пред крајот на првенствата.
Новото издание на Светското клупско првенство следното лето ќе се одржи во САД, а натпреварувањето ќе започне на 15 јуни и ќе трае речиси еден месец.
Со оваа мерка, ФИФА сака да им олесни на играчите да најдат нови тимови, како и да им даде повеќе време на клубовите да ги завршат сите зделки. дс
Фото: Архива