• петок, 22 ноември 2024

Фирмино го потврди заминувањето од Ливерпул

Фирмино го потврди заминувањето од Ливерпул

Ливерпул, 11 април 2023 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино проговори за неговото заминување од тимот по крајот на сезоната.

 

Во март, агентот на Фирмино најави заминување на Бразилецот. Неговиот договор со тимот завршува на лето.

 

- Многу се молев на Бог да ме заштити и да ми помогне во овој процес на заминување. Ќе дадам максимум од себе за Ливерпул до последниот мој натпревар во „црвениот дрес, изјави Фирмино.

 

Триесет и едногодишниот фудбалер во Ливерпул дојде во 2015 година. Во тековната сезона одигра 32 натпревари, постигна 11 голови и имаше пет асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан