• сабота, 21 декември 2024

Фиорентина сподели добра вест во врска со Бове

Фиорентина сподели добра вест во врска со Бове

Фиренца, 2 декември 2024 (МИА) - Во неделата фудбалскиот свет го потресе слика од стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца. Италијанскиот играч за врска Едоардо Бове загуби свест на натпреварот помеѓу Фиорентина и Интер. Сепак, добри вести доаѓаат од болницата во Тоскана - Бове се чувствува многу подобро.

Во врска со случајот, „Виола“ објави соопштение на социјалните мрежи.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека 22-годишниот Бове моментално е буден, свесен и ориентиран“, стои во соопштението на Фиорентина.

Сè уште се утврдува која била причината за нападот што ги шокираше сите фудбалери и гледачи за време на дуелот.

-Ние им ја соопштивме веста на нашите соиграчи, семејството и пријателите. Се обидуваме да утврдиме што доведе до оваа критична здравствена состојба. Лекарите од Универзитетската болница Кареѓи моментално го лекуваат нашиот играч, а во тек се дијагностички тестови. Би сакале да им се заблагодариме за нивната професионалност и хуманост. Би сакале да им се заблагодариме на навивачите на Фиорентина и на целиот фудбалски свет кои изразија сочувство и испратија пораки за поддршка во овие тешки моменти, се вели во соопштението. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан