• недела, 22 декември 2024

Финскиот претседател вели дека пристапувањето во НАТО би било корисно, но ќе ги „зголеми тензиите со Русија“

Финскиот претседател вели дека пристапувањето во НАТО би било корисно, но ќе ги „зголеми тензиите со Русија“
Хелсинки, 26 март 2022 (МИА) - Членството во НАТО „трајно ќе ги зголеми тензиите со Русија“ долж границата на Финска со Русија, изјави претседателот Саули Нинисто во денешното интервју за јавната телевизија Yle TV1, пренесува Си-Ен-Ен. Нинисто рече дека најголемата придобивка од членството во НАТО ќе биде „да се добие превентивен ефект“, но исто така ќе има ризик за разни видови руска одмазда, вклучително и хибридни закани. Тој, исто така, рече дека придобивките од тоа да се биде дел од НАТО ќе ги надминат негативните последици и дека е најважно да се најдат решенија за зголемување на безбедноста на неговата земја. - Од почетокот на руската инвазија на Украина, Финска размислува да се приклучи на воената алијанса, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто за Си-Ен-Ен претходно овој месец. ссм/  

Остани поврзан