• понеделник, 23 декември 2024

Финска ќе постави бариери на границата со Русија

Финска ќе постави бариери на границата со Русија
Хелсинки, 7 јули 2022 (МИА) - Парламентот на Финска денеска изгласа Закон за готовност, со што се овозможува поставување на бариери на границата со Русија. Законот е  усвоен со големо мнозинство и веднаш стапува во сила. Поставувањето на бариери на границата со Русија се толкува како мерка на претпазливост поради можна руска одмазда по одлуката на Финска да стане членка на НАТО. Законот ќе има последици и за барателите на азил во Финска, бидејќи ќе и дозволи на Владата да изгради огради и бариери на границата со Русија и ќе ги насочи сите баратели на азил на еден од неколкуте официјални гранични премини. ми/

Остани поврзан