• четврток, 04 декември 2025

Финска: Коалицијата на подготвените работи на безбедносни гаранции за Украина, но засега нема одлуки

Финска: Коалицијата на подготвените работи на безбедносни гаранции за Украина, но засега нема одлуки

Хелсинки, 19 август 2025 (МИА) - Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен денеска изјави дека Коалицијата на подготвените започнала да работи на рамка за безбедносни гаранции за Украина, но засега не се донесени одлуки за тоа што тие ќе вклучуваат.

-Досега не се донесени одлуки за тоа што влегува во целокупната рамка, ниту за придонесите на поединечните земји, изјави Валтонен пред новинарите на прес-конференција со нејзините скандинавски и канадски колеги во Хелсинки.

Валтонен додаде дека само Украина може да одлучува за своите граници.

На истиот настан во финскиот главен град, канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд изјави дека нејзината земја ќе ѝ биде достапна на Украина и на краток и на долг рок. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан