• понеделник, 25 ноември 2024

Финска алармира: Зголемени закани кон подводната инфраструктура

Финска алармира: Зголемени закани кон подводната инфраструктура

Хелсинки, 27 септември 2024 (МИА) - Финска забележува зголемени закани за подводната инфраструктура во Балтичкото Море во последниве години, изјави финскиот министер за животна средина и климатски промени, Каи Мукјанен.

Финска и Естонија потпишаа договор за зајакнување на безбедноста на нивната заедничка подводна инфраструктура, која ги вклучува електричните водови, телекомуникациските кабли и гасоводот „Балтикконектор“, кој беше оштетен пред една година.

Финската и естонската полиција сѐ уште ги истражуваат инцидентите, но немаат донесено заклучоци.

„Во последните неколку години, видовме зголемување на заканите за безбедноста на енергетските патишта, особено во Финскиот Залив и Балтичкото Море“, рече Мукјанен.

Овој договор значи зголемена соработка за зајакнување на техничкиот надзор и патролирање на подводната инфраструктура. ссм/

фото: архива

Остани поврзан