• четврток, 07 ноември 2024

Финската енергетска компанија пред банкрот поради високите цени на струјата

Финската енергетска компанија пред банкрот поради високите цени на струјата
Хелсинки, 19 септември 2022 (МИА) - Финската компанија за електрична енергија „Карху Воима“ денеска соопшти дека поднела барање за стечај поради големото поскапување на струјата, со што нивниот бизнис е нерентабилен. Компанијата наведе дека пред оваа одлука разгледувале различни опции за подобрување на состојбите, меѓу кои и спојување со матичната компанија „КШ Енерџи“, но дека и таквиот потег нема да биде доволен за да се избегне банкрот. „Со оглед на зголемувањето на цените на енергијата за претстојната зима, условите за продолжување на бизнисот не се можни. Поднесувањето барање за стечај беше неизбежно“, рече извршниот директор Оли-Пека Рантала. паг/    

Остани поврзан