• четврток, 21 ноември 2024

Финалето на фудбалскиот Куп на 20 мај

Финалето на фудбалскиот Куп на 20 мај
Скопје, 14 април 2020 (МИА) – Финалниот натпревар во машка конкуренција во рамки на Македонскиот фудбалски куп ќе се одигра на 20 мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, одлучи денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Финалистите ќе бидат познати по двете полуфинални средби во кои бранителот на трофејот Силекс му гостува на битолски Пелистер, додека Струга е домаќин на Македонија ЃП. Двата полуфинални натпревари се на програмата на 20 април со почеток од 16 часот. ег/мс/

Остани поврзан