• понеделник, 23 декември 2024

Филмските работници од САД постигнаа договор со големите продукциски студија

Филмските работници од САД постигнаа договор со големите продукциски студија

Лос Анџелес, 9 ноември 2023 (МИА) - Холивудските глумци и сценаристи вчера постигнаа договор со големите продукциски студија за прекин на двата штрајка што ја потресоа забавната индустрија откако сценаристите во мај, а потоа и глумците побараа повисоки плати, и тоа во ерата на стрим-услугите.

Овој 118-дневен прекин на работата во Холивуд официјално заврши на полноќ, се вели во известувањето на американскиот синдикат на глумците - „САГ-АФТРА“. Комитетот за договарање едногласно ја поддржа спогодбата со „Волт Дизни“, „Нетфликс“ и другите продуцентски компании. Така, новиот договор вклучува зголемување на минималната плата и нови бонуси што треба да ги исплаќаат стрим-платформите, според синдикатот.

Договорот, исто така, предвидува заштита од неовластена употреба на слики создадени од вештачката интелигенција. Тоа поле посебно ги загрижи филмаџиите бидејќи тие стравуваат дека ќе бидат заменувани со „дигиталните двојници“ од новото доба.

„Постигнавме договор што ќе им овозможи на членовите на САГ-АФТРА од секоја категорија да градат одржливи кариери“, соопшти синдикатот.

Крајот на штрајкот на глумците значи дека Холивуд продолжува непречено со вообиочаената работа. Националниот одбор на САГ-АФТРА соопшти дека следи гласањето и усвојување на договорот наредниве седмици.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан