• петок, 20 декември 2024

Филмот „Avec l'amour” вечер во „Кино на отворено” во Кисела Вода

Филмот „Avec l'amour” вечер во „Кино на отворено” во Кисела Вода
Скопје, 11 август 2022 (МИА) - Филмот „Avec l'amour” на режисерот Илија Цветковски вечер е на репертоарот на „Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во општина Кисела Вода. Проекцијата, како што соопштија од општината, почнува во 21 часот пред Домот на културата „Билјана Беличанец”, а половина час порано за најмладите ќе се емитуваат анимирани филмови. Инаку, вчерашната проекција на првиот македонски филм за деца „Стела“ предизвика голем интерес кај публиката која имаше можност и да се дружи со екипата која работеше на овој филм, продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ и главниот актер Дејан Лилиќ, информираа од општината и посочија дека летното кино што го реализираат во партнерство со МакеДокс, продолжува до крајот на оваа седмица. рп/бак/

Остани поврзан