• петок, 20 декември 2024

Филмаџиите добиле уверување дека ќе им бидат вратени буџетските средства

Филмаџиите добиле уверување дека ќе им бидат вратени буџетските средства

Скопје, 21 септември 2023 (МИА) - Претставниците на филмските режисери и продуценти денеска оствариле средба со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во врска со барањето за повлекување на предлогот за кратење на буџетот за филмска дејност во тековната година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата за филм. Тие потенцираат оти добиле уверување дека ќе им бидат вратени средствата.

-Добивме уверување од министерката за култура дека ќе ни бидат вратени буџетските средства, но не во декември, како што првично беше најавено, туку во согласност со предвидената динамика на реализација на филмските проекти. Се надеваме дека повеќе нема да има вакви паушални кратења на финансиски средства без претходни консултациии со филмската фела и Агенцијата за филм, туку напротив, согласно со европските трендови, веруваме дека буџетот за филм ќе биде зголемен, истакнаа филмаџиите.

Тие посочуваат и дека со министерката за култура била договорена дополнителна средба во однос на дефинирање на буџетот за филм во 2024 година, како и за други работи што ги засегаат филмаџиите, со посебен акцент на статусот на филмските работници, нивно здравстено и социјално осигурување, како и за неопходноста за донесување за нов закон за филм според европски стандарди. бт/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан