• петок, 05 декември 2025

Филков во Малта го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја

Филков во Малта го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска во Валета, Малта, каде во рамки на малтешкото претседателство со Советот на Европа се одржува конференцијата на министри за правда, го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја.

Со тоа, како што информираат од Министерството за правда, нашата држава е една од првите кои пристапија кон протоколот со што  јасно ја искажа својата определба активно да придонесува и учествува во заедничката борба против криминалот кој не познава граници.

Протоколот овозможува директна електронска комуникација преку обезбедени канали што ќе ја забрза и поедноставни меѓусебната меѓународна соработка, а се овозможуваат и видео конференции кои ќе ги елиминираат трошоците за патувања и ќе ги намалат одложувањата во постапките. Протоколот содржи и механизми, за ефикасна постапка. аа/вј/

Фото: Министерство за правда 

 

Остани поврзан