• сабота, 18 мај 2024

Филип Деспотовски нов шеф на стручниот штаб на ФК Тетекс

Филип Деспотовски нов шеф на стручниот штаб на ФК Тетекс

Тетово, 15 август 2023(МИА) – Филип Деспотовски е поставен за шеф на стручен штаб на фудбалскиот второлигаш Тетекс од Тетово, информираше клубот. Тој доаѓа на местото на досегашниот шеф Даниел Радески кој го водеше клубот во подготвителниот период и во првото коло. Радески ќе остане во клубот како прв помошник на Деспотовски.

 

- Легендарниот македонски фудбалер доаѓа во ФК Тетекс да помогне да се остварат високите амбиции на клубот оваа сезона. Деспотовски веќе го одржа првиот тренинг со фудбалерите на Тетекс, а на клупата ќе дебитира во сабота на дуелот против Осогово, информираа од ФК Тетекс.

 

Деспотовски е роден 1982 година, а како фудбалер има настапувано за повеќе македонски клубови меѓу кои и Тетекс, има интернационално искуство во неколку земји и настапи за македонската репрезентација. ас/зс/

 

фото: ФК Тетекс

Остани поврзан