• понеделник, 25 ноември 2024

Филипче: Состојбата со вирусот е сериозна и критична, итно да се донесат сите законски измени

Филипче: Состојбата со вирусот е сериозна и критична, итно да се донесат сите законски измени
Скопје, 25 октомври 2020 (МИА) - Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран, апелираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени и повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.
- Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата, напиша Филипче на Фејсбук. бак/

Остани поврзан