• петок, 20 декември 2024

Филипче: СДСМ го носи најдоброто за граѓаните

Филипче: СДСМ го носи најдоброто за граѓаните
Струга, 14 октомври 2021 (МИА) – СДСМ продолжува да работи за доброто на државата, за граѓаните и со граѓаните. Го носиме најдоброто во секој дом и ги оставиме режимските сценарија во минатото, истакна потпретседателот на партијата Венко Филипче при вечерашната посета на Струга и струшко. Тој подвлече дека граѓаните знаат што да изберат, знаат што им треба и оти, како што нагласи, ќе донесат голема победа низ цела земја и седми пат по ред ќе му пресудат на режимското ДПМНЕ. - Разликата помеѓу некогаш и денес е видлива и може да ја почувствува секој наш граѓанин. Денес живееме во слобода, демократија и ги живееме прогресот и напредокот за кои се изборивме и вредно работиме. Живееме една поинаква реалност, наспроти заблудата и лагите кои ни ги нудеа ДПМНЕ цели 11 години, рече Филипче. Побара поддршка од граѓаните својот глас да го дадат за кандидатите за градоначалник на СДСМ и коалицијата и, како што подвлече, да изберат реализација на проекти, наспроти заблуди и лажни ветувања. - Живееме едно подобро време, а најдоброто доаѓа на голема врата во секој град и секое село. Најдоброто нуди светла и просперитетна иднина, нуди успеси наместо разочарувања, нуди уште поголеми реализации наместо стари лажни реторики, истакна Филипче.сс/см/

Остани поврзан