Филипче: Носењето маска значи грижа за сите, да бидеме свесни и совесни
- Носењето маска значи грижа за сите, за ранливите и за повозрасните. Со маската, се штитиме себеси и сите околу нас, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - Носењето маска значи грижа за сите, за ранливите и за повозрасните. Со маската, се штитиме себеси и сите околу нас, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
- Тоа е акт на солидарност и почитување на луѓето. Можеби ти не си во ризик, но секојдневно си во контакт со други кои можеби тешко би ја поднеле болеста. Да бидеме свесни и совесни, пишува во фејсбук статусот на министерот Филипче. бак/бк/