• сабота, 21 декември 2024

Филипче: Младите да се вакцинираат и да го поддржат процесот на масовна имунизација

Филипче: Младите да се вакцинираат и да го поддржат процесот на масовна имунизација
27 јули 2021
Долго време како општество тапкавме во место, многу млади својата иднина ја побараа надвор од државата и си заминаа од неа, затоа што тука немаа опции, затоа ние како партија реаѓиравме да ги вклучиме младите во сите процеси, во сите реформи и затоа денеска со младите заедно креираме квалитетни развојни политики, затоа што ние не веруваме во наметнати решенија, порача вечерва потпретседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината „Млади за вакцинација“ во организација на СДММ.
Филипче се заблагодари на беспоштедната борба против коронавирусот на целиот здравствен персонал и ги повика младите да се вакцинираат но и да дадат свој придонес во мобилизирање на граѓаните да се вакцинираат што помасовно.
- Низ целиот период на коронакризата, па и сега за време на вакцинацијата, здравствените работници преку својот пожртвуван ангажамн покажаа дека здравствениот систем е столбот на државата. Ние во 2018 година се соочивме со една друга епидемија, епидемија на морбили заради намалениот опфат со вакцинација, пред се заради антивакциналните кампањи, кои за жал денес повторно ги гледаме, и за жал тогаш видовме што значи да имате вакцина, да се случи пад на вакцинација и да се случи епидемија. Со силна кампања за вакцинација ние успеавме таа епидемија да ја сузбиеме за само шест месеци. Нема поголем показател за тоа колку вреди вакцината, од разликата со минатата година кога  се соочивме со болест за која нема вакцина. Сега имаме неколку типови на вакцини кои имаат одличен процент на ефикаснот. Сега ние како општество треба покажеме дека сме подготвени преку таква масовна вакцинација да го видиме ефектот и ефикасноста на вакцините. Ние може да дискутираме на бројни теми, но здравјето не најважно, без здравје нема ништо. Затоа апелирам до сите од вас да се вакцинирате, сите млади со своите интензивни контакти и канали на комуникација, да го поддржат овој процес на вакцинација, да го поддржат здравствениот систем, да не дозволиме нов силен бран на коронавирусот. Да ја искористиме вакцинацијата, да си ги вратиме назад своите животи, порача потпретседателот Филипче.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан