• петок, 05 декември 2025

Филипче за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција

Филипче за Курбан Бајрам: Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција

Скопје, 6 јуни 2025 (МИА) - По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот на СДСМ Венко Филипче во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

-На сите верници од исламската вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а најголемото богатство во грижата за другите. Со искрени желби за добро здравје и благосостојба,  на сите верници од исламската заедница им посакувам  овие празнични денови да донесат духовен мир, разбирање и заедништво во секој дом. Да градиме општество на еднаквост, почитување и толеранција, во кое секој граѓанин се чувствува ценет и прифатен, порачува во честитката Филипче. дма/сст/

Фото: СДСМ


 

 

Остани поврзан