• четврток, 30 јануари 2025

Филипче: Додик во Скопје испрати опасни пораки, Владата молчи

Филипче: Додик во Скопје испрати опасни пораки, Владата молчи

Скопје, 29 јануари 2025


Навистина се испратија многу загрижувачки пораки таа вечер на прославата на празникот Св. Сава и тоа во присуство на премиерот, се поставува прашањето дали знае кој му е вицепремиер и во кој формат му организираат настани, рече во изјава за ТВ 21 претседателот на СДСМ, Венко Филипче. 

-Премиерот видовме дека пушти некаква реакција, и се добива впечаток дека премиерот е цело време изненаден, од некои изјави на коалициските партнери. Пред некој ден од Таравари, понатаму и од изјавите на гости којшто доаѓаат од странство.  Ние мора да внимаваме кој доаѓа и какви гости каниме, поради тоа што ние сме земја членка на НАТО. Дополнително можеби тоа се изјави кои ги навредуваат чувствата на припадници на одреден народ кај нас, а ние сме мултикултурно, мултинационално, мултиетничко друштво и тоа е нашето најголемо богатство. Треба да се запрашаат можеби и безбедносните служби, знаеле ли кој ќе дојде и какви изјави ќе даваат? Дали можеби станува збор и за хибриден напад? Дали процениле, дали се тоа изјави којшто на една земја членка на и НАТО одат против државните интереси?, рече Филипче во изјава за ТВ 21.

Линк до видео (од интервјуто): https://youtu.be/PxKfe3aC0F4?si=HjdUTRu-cXkxdfO7

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан