• четврток, 14 ноември 2024

Филипче: Големо разочарување од првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Големо разочарување од првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 24 август 2024

 

Има големо разочарување од првите месеци од работата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ а најразочарани се работниците кои се надевале на повисоки плати од новата Влада, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој денеска е во посета на Берово.

-Се сретнав со работници, со млади и возрасни. Кај сите нив има огромно разочарување од првите месеци на Владата. Најразочарани се работниците и оние кои со многу труд и чесно ги заработуваат парите. Тоа се оние за кои седум години СДСМ обезбедуваше пари за повисоки плати и ги штитеше во кризи. Тие се надевале на подобар стандард и повисоки плати од новата Влада, но по само два месеци на сите им е јасно дека се враќа политиката на понижување на работниците., рече Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните во кампањата дека ќе има повисоки плати, но веднаш откако седнаа во фотелјите го покажаа вистинското лице, додаде тој.

-Влада која одбива да ги покачи платите е Влада која не се грижи за луѓето. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката на евтина работна сила. Сметам дека покачувањето на платите ќе се користи само за изборен поткуп кога ќе им требаат гласовите на луѓето пред избори. Ова се политиките од пред 2016 година. Верувам дека граѓаните нема да дозволат два пати да бидат излажани и понижени. Тоа денес го видов и го слушнав од луѓето и силно верувам дека ваквите политики нема да добијат поддршка, рече Филипче.

Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е тоа што СДСМ ги покачуваше платите континуирано и се грижеше за стандардот на работниците, на граѓаните, потенцираше претседателот на СДСМ.

СДСМ останува партнер на работниците. Ги покачивме платите за преку 50%, во обазованието преку 55%. Но најважно, тоа го направивме за сите и обезбедивме трајни решенија и колективни договори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Берово.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан