• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за  нови и подобри почетоци

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната и католичката вероисповед со порака дека денешниот празник дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.

-На сите христијани од православната и католичката вероисповед им го честитам денешниот голем празник, Воскресение Христово - Велигден. Нека овој ден донесе многу здравје, среќа и хармонија во секој дом. Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа, се посочува во честитката.

Токму овие вредности, се нагласува, се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност.

-Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра, а заедно можеме да постигнеме многу. На овој голем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон подобра иднина. Христос воскресна, навистина воскресна, за многу години Велигден, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. вг/

Фото: СДСМ

Остани поврзан