• петок, 05 декември 2025

Филипче: Бошњачката заедница е составен дел од нашето општество, соживотот е вредност што нè обединува

Филипче: Бошњачката заедница е составен дел од нашето општество, соживотот е вредност што нè обединува

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче, по повод Меѓународниот Ден на Бошњаците, упати честитка до бошњачката заедница во државата, во која посочува дека бошњачката заедница е составен и важен дел од нашето мултиетничко општество. 

-Со својата традиција, култура и вредности таа го збогатува и зајакнува заедничкиот живот во Северна Македонија. Како дел од нашето општество, Бошњаците имаат  учество во сите важни историски политички случувања за напредок на државата. Да продолжиме да ги унапредуваме  правата на сите граѓани, да  ги почитуваме  нивните традиции, култура и јазик. Негувајќи го соживотот преку почитувањето на етничката, културната и верската различност, ќе создадеме подобра иднина за сите нас, се вели во честитката од претседателот на СДСМ, Филипче. аа/

Фото: СДСМ

 

Остани поврзан