• петок, 22 ноември 2024

Филипче апелира до граѓаните да се вакцинираат што побрзо

Филипче апелира до граѓаните да се вакцинираат што побрзо
Скопје, 17 јули 2021 (МИА) - Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален ФБ профил. - Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни, само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид пандемија, напиша Филипче на фејсбук. цр/дма/

Остани поврзан