• понеделник, 23 декември 2024

Филиповски: Субвенции за замена на старите и нееколошки начини за греење и велопатека од Долно до Горно Лисиче

Филиповски: Субвенции за замена на старите и нееколошки начини за греење и велопатека од Долно до Горно Лисиче
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) -  Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Општина Аеродром, Александар Филиповски, најави дека граѓаните од Долно и Горно Лисиче ќе добијат поддршка – субвенции за замена на старите и нееколошки начини за греење, со што ќе се придонесе и за помало аерозагадување, а ветува и изградба на велопатека, од Долно до Горно Лисиче. Тој деновиве на повеќе средби со граѓаните од Долно и Горно Лисиче, се осврна на главните проекти планирани во двете населени места при што посочи дека во Долно Лисиче предвидено е уредување на паркинг – просторот околу црковниот двор, реконструкција на ул. „2“, решавање на проблемот со водоводната мрежа на ул. „12“, расчистување на дивите депонии, нова хоризонтална и вертикална сигнализација (пешачки премини, лежечки полицајци). За Горно Лисиче, додаде, претстои проширување на мостот на Маркова река, реконструкција на училиштето „Гоце Делчев“ и обнова на спортската сала, реконструкција и изградба на пешачки патеки, обнова на спортското игралиште, како и изградба на детско игралиште. Во двете населени места интензивно ќе се работи на повисока јавна хигиена, раззеленување на јавниот простор и поставување на нова урбана опрема (клупи за седење, корпи за отпадоци, јавно осветлување). - Ветувам дека нема да ве разочарам! Ќе се гледаме и за убави, но и за неубави работи, комунални проблеми, инфраструктурни предизвици и слично... Свесен сум дека работите нема преку ноќ да се променат, но знам дека преку искрена комуникација, теренска работа и посветеност може да успееме, посочи кандидатот на СДСМ и коалицијата, кажа Александар Филиповски и ги повика жителите од Долно и Горно Лисиче во недела да гласаат за бројот 12, за, како што вели,  интензивен развој на овие места. вг/са/  

Остани поврзан