• сабота, 21 декември 2024

Филиповски: Нудиме реално остварливи проекти за Аеродром

Филиповски: Нудиме реално остварливи проекти за Аеродром
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Аеродром ќе добие две нови градинки, во Ново Лисиче и во Мичурин, а ќе ја реконструираме и градинката „Пчелка“. Планираме и изградба на младински центар, кој ќе претставува мултифункционален простор за потребите на младите луѓе, истакна Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, на вечерашната маалска средба во населбата Јане Сандански. За ветувањата за Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ Филиповски рече дека се нереални, а и дека најголемиот дел од проектите им се препишани од програмата на СДСМ „Најдоброто за Аеродром“. - Ако ние ветуваме две градинки, тие ветуваат четири. Без притоа да ги знаат реалните потреби за ваков тип на установи, финансиските можности на локалната самоуправа и соодветни урбанистички локации. Луѓе кои немаат контакт со реалноста не смеат да предводат општина, посочи кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата. Во вториот дел од средбата граѓаните поставуваа и прашања за конкретната населба. Тие бараат поинтензивно одржување на хигиената и зелените површини, како и обнова на спортското игралиште зад „Три бисери“. Филиповски истакна дека населбите во Аеродром ќе добијат нови детски и спортски игралишта. Исто така, додадена вредност ќе бидат трим-патеките за трчање, со кои дополнително ќе се зголеми спортската понуда во општината. сст/хс/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан