• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Филипини прогласија четиридневна жалост по смртта на папата Франциск

Филипини прогласија четиридневна жалост по смртта на папата Франциск

Манила, 23 април 2025 (МИА) - Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор прогласи четиридневна национална жалост по повод смртта на папата Франциск.

- Загубата на папата Франциск е момент на длабока тага и за Католичката црква и за филипинскиот народ, кој во него гледаше симбол на сочувство и непоколеблив застапник за мир, правда и човечко достоинство, изјави Маркос.

Претседателот и неговата сопруга ќе присуствуваат на комеморативната церемонија в сабота во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Папата Франциск почина во понеделникот на 88-годишна возраст од мозочен удар.

Тој ги посети Филипините во 2015 година, каде милиони верници излегоа да го пречекаат. Тоа е еден од најпосетените собири на папа во историјата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан